Connect with us

Ракомет

Талески: Да ја отвориме новата сезона со позитивен резултат

Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Левиот бек на македонскиот и актуелен европски првак Вардар, Филип Талески, посакува поволен резултат на гостувањето кај Мешков Брест во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

  • Играме со позната екипа со која Вардар се соочувал со години. Се знаеме многу добро со нив. И лани игравме со нив и во СЕХА и во ЛШ. Максимално сме подготвени. За нив ќе биде предност домашниот терен и поддршката што ќе ја имаат од публиката. Веќе се продаваат карти. За нас ќе биде малку чудно, што по подолго време ќе играме натпревар со публика. Сепак, Вардар е Вардар и тимот покажа дека изминатите години и дома и на гости го дава максимумот. Се надевам дека новата сезона ќе ја отвориме со добар резултат, изјави Талески.

„Црвено-црните“ денес ќе отпатуваат за Белорусија каде утре во Брест против Мешков ќе го играат првиот меч во новата сезона од ЕХФ Лигата на шампионите. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com