Connect with us

Ракомет

Талески денеска го игра последниот меч за Вардар, од следната сезона во нов клуб, навивачите со емотивна порака

Еден од најдобрите македонски ракометари во моментов Филип Талески денеска против Алкалоид го игра последниот меч во дресот на Вардар. Тој од следната сезона ќе има нов клуб. Прави трансфер во Португалија, поточно во тимот на Бенфика со кој се договорил на двегодишна соработка.

Поради тоа навивачите на Вардар имаа емотивна порака за него. На социјалните мрежи осамна порака од „Црвено-црна армија“ која гласи:

-Никогаш довидување, само поздрав. До следно видување. Среќно во понатамошната кариера Тале, те чекаме назад.

Самата порака ја објави Талески на социјалните мрежи.

Талески во Вардар дојде во 2020 година од екипата на Балинген и беше вистински лидер на теренот, носејќи неколку трофеи во клупските витрини на Црвено-црните.

 

Advertisement