Ракомет
Талески: Јавноста не знае каква е ситуацијата во репрезентацијата, една е сликата однадвор, друга од внатре
Македонскиот репрезентативец Филип Талески гостуваше во утринската емисија на МТВ каде што зборуваше за Светското првенство во Египет, на кое Македонија учествуваше откако се откаажаа неколку репрезентации поради голем број заразени со коронавирусот.
Сепак, резултатите беа лоши. Нашите ракометари се вратија со само една победа и пет порази. Талески вели дека критиките на јавноста секогаш се добредојдени, но некогаш се премногу лични.
-Јавноста не е доволно запознаена со ситуацијата во репрезентацијата, хемијата и се друго. Една е сликата од надвор, а друга од внатре. Мора да се поклопат коцките, да ги решиме „бубачките“ во главата, да дојде денот да ја водиме репрезентацијата. Убеден сум дека повторно Македонија ќе биде горда на ракометарите. Оваа репрезентација има голема иднина, ќе го докажеме тоа, изјави Талески.