Ракомет
Талески: Ќе повторам, одигравме срамен меч против Црна Гора
Филип Талески уште еднаш повтори она што го кажа вчера веднаш по поразот од Црна Гора дека одиграле срамен меч.
-Останувам на онаа моја кратка констатација по вчерашниот натпревар, а тоа е дека целата селекција одигравме еден срамен натпревар. Но, сега нема враќање назад и мора да се собереме затоа што не чека уште еден меч и да одиграме најдобро што можеме против Данска. Гледаме каков моќен ракомет игра Данска која атакува на злато на европско првенство, и секако е огромен фаворит и против нас, изјави Талески.