Ракомет
Талески: Не беше лесно против Бахреин, со Хрватска е клучниот натпревар
Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески по натпреварот со селекцијата на Бахреин истакна дека не било лесно.
Според него Бахреин е квалитетен противник, а ќе имаат шанса да изненадат некој од фаворитите.
-Одигравме максимално во одбраната каде и што го добивме натпреварот. Навикнати сме на турнирски систем. Подготвени сме сите. Утре против Хрватска треба да бидеме максимално фокусирани. Тоа за нас е клучниот меч. Ќе се подготвиме максимално и ќе бидеме подготвени, вели Талески.