Ракомет
Татабања два пати ќе гостува во Битола кај Еурофарм Работник
Иако првиот натпревар требаше да се одигра уште на 20-ти октомври, поради вирусот корона екипата на Еурофарм Пелистер од Битола не одигра ниту еден натпревар во рамките на групата Д од Лига Европа.
Со претходен договор, двете екипи донесоа одлука дека двата натпревари ќе се одиграат во Битола и тоа, првиот на 9-ти февруари од 20.45, а вториот еден ден подоцна со почеток од 17.00 часот.
Екипата на Татабања е последна на табелата, а Еурофарм Пелистер на петтата позиција.