Connect with us

Ракомет

Татко му го носел дресот на Вардар, сега и тој, српски талент ново засилување за „црвено-црните”

Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961. Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година.

Петриќ доаѓа е екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што беше во Македонија.

Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ кој во својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“.

 

Advertisement