Connect with us

Тајмаут

Татко плаќа хипнотизер за да направи неговиот син кој навива за Тотенхем да навива за Арсенал

Многу од навивачите имаат желба нивните деца да ја продолжат традицијата и да навиваат за истиот клуб за кои тие навиваат.

Од друга страна најлошата работа за секој навивач е неговото дете да навива за градскиот ривал. Токму тоа се случи во Англија каде еден навивач на Арсенал не среќен затоа што неговиот син навива за Тотенхем.

Поточно, бил толку разочаран со изборот на својот шест годишен син да ја прекине традицијата за поддршка на Арсенал и спремен е да плато 3.000 фунти за третман на хипнотизер.

Така, таткото сакал да го хипнотизира своето дете за да почне да навива за „Топчиите“, но кога никој не му пријде да му помогне, таткото реши јавно да побара помош.

„Имам некој чуден проблем… откако Хери Кејн ја освои златната копачка на Светското првенство, мојот син почна да навива за Тотенхем“, напиша таткото.

„Видов едно видео пред неколку дена, не сум сигурен кој беше тоа, но направи навивачите на Арсенал и на Тотенхем да мислат дека ја поддржуваат противничката екипа, а тоа сакам да го направи со мојот син“.

„Неодамна добив мал бонус од работа и за хипнотизерот кој ќе успее тоа да го направи ќе има околу 3.000 фунти“, напиша таткото на детето.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Тајмаут

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com