Connect with us

Други спортови

Таткото на Верстапен, Јос, удри по ФИА „Меѓународна помош за Ферари“ по казната на Макс во Остин

Луѓето во Ред Бул се лути поради казната која Макс Верстапен ја доби на трката во Остин, поради што го загуби местото на победничкиот пиедестал.

Младиот Холанѓанец, во последниот круг, во претпоследниот свиок го мина Кими Раиконен и стигна до третото место, но по трката ФИА го казни со пет секунди, бидејќи според нив Верстапен со нелегален маневар го минал Финецот. Според ФИА во моментот кога Ферстапен го престигнал Раиконен неговиот биолид со сите четири тркала бил надвор од патеката.

„Имавме сјајна трка, но вакавите глупави одлуки го убиваат спортот. Меѓу судиите се наоѓа еден идиот кој секогаш носи одлуки против мене“, рекол Ферстапен.

Таткото на Верстапен, Јос кој во минатото возеше во Формула 1 шампионатот, во својот коментар удри по ФИА, која ја нарече „Меѓународна помош за Ферари“.