Connect with us

Други спортови

Тажен тениски момент: Дали ова значи крај на кариерата за Дел Потро?

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро беше подложен на операција на коленото и неизвесно е дали ќе продолжи професионално да игра тенис.

Според „Ројтерс“, за време на операцијата, беше отстранет фрагмент од коската. Не се знае точното време за закрепнување на тенисерот.

Дел Потро претходно изразил сомневање дека по операцијата ќе може да ја продолжи кариерата.

„Дали тој меч ми беше последен во кариерата, не знам. Во текот на опоравувањето ќе можам со чиста глава да размислам добро и ќе знам дали моето тело ќе може подоцна да поднесува напори. Благодарност до сите за поддршката!“, истакна Делпо.

Sportski.mk