Connect with us

Фудбал

Тажна вест од Англија: Почина голманот кој ја изрежира „одбраната на векот“ (Видео)

Фудбалска Англија ова утро се разбуди со една навистина тажна вест, бидејќи медиумите од оваа земја ја пренесоа информацијата за смртта на Гордон Бенкс, човекот кој беше симбол за голманската позиција на англиската фудбалска репрезентација во 60-те и 70-те години на минатиот век.

Како што пренесува јавноста, 81-годишниот Бенкс имал мирна смрт во родниот Шефилд, а оваа жална вест ја зави фудбалска Англија во црно бидејќи незаборавниот чувар на мрежата го бранеше голот на „гордиот албион“ во историскиот подвиг и освоената светска титула во 1966 година.

– Со голема тага објавуваме дека Гордон почина мирно во текот на ноќта. Многу сме тажни што го загубивме, но имаме толку многу прекрасни спомени, не можеме да бидеме погорди што го имавме долги години крај себе, – гласи соопштението на семејството Бенкс.

Инаку, покрај освоената титула на мундијалот во 1966 година, посебен за издвојување е и еден момент од Светското првенство во 1970 година, турнир на кој Бенкс ја изведе „одбраната на векот“ во дуелот со легендарниот Пеле.

Извор: derbi.mk