Connect with us

Тајмаут

Тажна вест: Почина млад македонски одбојкар

Денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории. Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.

Имаше 32 години.