Connect with us

Тајмаут

Тажна животна приказна, одлична кариера и принуден крај!

Поранешниот француски репрезентативец Франк Рибери на 39-годишна возраст и со низа повреди одлучи да стави крај на кариерата.

Иако имаше договор со Салернитана до следното лето, Рибери одлучи дека е време да се повлече од фудбалот.

Како што објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, поради тешки повреди и здравствени проблеми, Рибери сфатил дека е време да ги закачи копачките. Поранешниот играч на Баерн во новата сезона одигра само 36 минути, пред повторно да се повреди.

 

Станува збор за еден од великаните на фудбалот. Играше за многу екипи, но јасно е дека најмногу и најдобриот дел од кариерата го помина во Баерн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Franck Ribéry (@franckribery7)

Во Минхен ги освои сите можни трофеи. Има дури девет титули во германскиот шампионат, а во 2013 година ја освои Лигата на шампионите. Истата година беше светски првак со Баварците, а има и бројни пехари. Со Франција играше во финалето на Светското првенство во 2006 година, но не стигна до трофејот.

Секако, има и десетици индивидуални награди. Последните години ги помина во Италија играјќи за Фиорентина и Салернитана, а играше и за Марсеј, Галатасарај, Мец, Брест, Алес и Булоњ.

За францускиот сениорски тим постигна 16 гола на 81 натпревар.

Познат по дриблингот и продорите по левата страна, Французинот секако е едно од најдобрите крила на 21 век.

Тој беше препознатлив и по изгледот и големата лузна на лицето, за која неодамна јавно проговори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Franck Ribéry (@franckribery7)

“Сите освен моите родители коментираа за мојот физички изглед и ја оценуваа грдоста на моето лице поради лузната. Се чувствував како да сум осудена и угнетена. Иако бев многу млад и се многу ми пречеше, никогаш не пуштив солза , иако страдав како луд“ .

Познато е и дека родителите го оставиле во сиропиталиште кога имал само две години.

“Моите родители ме оставија во сиропиталиште додека бев уште бебе. За среќа, по кратко време најдов семејство кое уште од самиот почеток ми ја пренесе љубовта и посветеноста која некој друг реши да ми ја одрече”, е само една од болните реченици кои го опишуваат животот на Франк Рибери.