Connect with us

Фудбал

Тен Хаг: Имавме предност од 2-0 и требаше да постигнеме трет и четврти

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег не можеше да се помири со фактот дека неговиот тим ја предводеше Севиља со 2-0 и прими израмнувачки гол со два автогола на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.

„Сè е во наши раце. Водевме со 2-0 и требаше да постигнеме трет и четврти. Имавме целосна контрола на играта. После тоа немавме среќа со повреди, моравме да направиме замени и изгубивме контрола. Примивме два автогола, тоа е лоша среќа и мора да се справиме со тоа. Мора да научиме да ги убиваме натпреварите затоа што сега се е отворено“, сподели тој.

За повредите на Рафаел Варан и Лисандро Мартинез, Тен Хаг рече: „Го видов Лисандро како слезе без никого, па тоа не изгледа како добар знак. Сеуште не ја знам тежината на повредата. Истото со Варан“.