Connect with us

Ракомет

Тешка група за младите македонски ракометарки во квалификациите за ЕП

Младата женска репрезентација на Македонија за ракометарки до 20 години ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2018 во Унгарија.

По денешната ждрепка, нашите младинки се сместени во четвртата група, во која за противнички ќе ги имаат врсничките од Германија, Исланд и Литванија.

Натпреварите ќе се играат турнирски од 23 до 25 март 2018 година, а домаќините на турнирите на седумте групи дополнително ќе бидат потврдени.

Приоритет за организиција на турнирот добија селекциите од третиот ред, во нашиот случај Исланд. Доколку тие ја откажат организацијата, тогаш Германија ќе има можност да го стори тоа, па дури потоа шанса би добила Македонија.

Пласман на завршницата на шампионатот ќе обезбеди само најдобрата, првопласирана репрезентација во групата.

Првенството ќе се одржи од 1 до 15 јули следната година, а покрај домаќинот Унгарија, пласман имаат обезбедено трите најдобри селекции од претходниот шампионат – Франција, Русија и Данска.