Connect with us

Кошарка

Тешка повреда, ѕвездата во НБА се враќа на пролет во 2020 година

Стефен Кари, ѕвездата на тимот на Голден Стејт, ќе отсуствува најмалку 3 месеци, откако претрпе повреда на левата нога во натпреварот против Феникс.

Ова беше резултат на медицинските прегледи на 31-годишниот кошаркар. Кари најверојатно ќе се врати на терените на почетокот на март 2020 година, но тој би можел да направи пауза цела сезона 2019-2020.

„Се надевам дека ќе бидам подготвен на пролет во 2020 година. Секако, сето тоа зависи од времето на закрепнување по оваа повреда, што беше непредвидливо. Сепак, јас сум оптимист дека ќе се вратам на терените на крајот на сезоната“, изјави Кари.

Оваа сезона започна лошо за тимот на Голден Стејт Вориорс, на шампионите во НБА исто така им недостасува и Клеј Томпсон. Досега запишаја 2 победи и 9 порази и е најлоша екипа оваа сезона, последна на Западот.