Ракомет
Тешки обвинувања за Вујовиќ, им барал по 300 евра на играчите да играат покер со него
Тешки обвинувања на адреса на Веселин Вујовиќ. Словенечката „Нова24“ објави дека наводно сега веќе екс селекторот на оваа репрезенација им барал по 300 евра на ракометарите кои сакале да играат покер со него.
-Вујовиќ уживаше во играњето покер и тоа го правеше поради забава. Секој кој сакаше да игра со него мораше да плати 300 евра, а меѓу нив беа и играчите, од кои оние кои плаќаа за да играат му беа омилени. Тие што не сакаа да платат, ги решаваше со своите контроверзни „тренерски техники“ на тренинзите и натпреварите, каков што беше случајот со Алекс Влах, објави словенечкиот медиум.
Инаку, пред само неколку дена словенечката ракометна федерација соопшти дека е прекината соработката со Веселин Вујовиќ, без да наведе детали.