Connect with us

Фудбал

Тешко се одбиваат понуди од Реал Мадрид и Барса,17 годишниот играч не заминува од Валенсија

Шпанскиот репрезентативец до 17 години, Феран Торес, ги негира гласините за преселба во клубовите на Реал Мадрид и Барселона.

По победата од 3:1 над Мали, Торес беше запрашан за неговата иднина и гласините што го поврзуваа со Реал Мадрид и Барселона. Тој рече:

“Во моментов, фокусиран сум само на финалето со Англија и не сакам да слушнам за понудите. Кога ќе се вратам во Шпанија, ние ќе го оцениме тоа”.

Крилниот напаѓач, кој моментално игра за Валенсија Б, наводно, има клаузула за ослободување која ќе важи од 1-ви јануари и се вели дека изнесува 25 милиони евра.