Поврзи се

Ракомет

Тежок пораз на Хрватска! Швеѓаните ги разбудија во Спаладиум арената

Хрватска по победите над Србија и Исланд, вечерва загуби од Шведска (35:31).

Опасно тргнаа Хрватските ракометари на ова Европско првенство. Одработија тешки подготовки, се сместија во Сплит и ги засукаа ракавите. Нема повеќе зафрканции, приликата е сега да се земем и тоа што недостасува во витрината кај металите.

На самото отворање Хрватска тргна со победа. Србија и Исланд ги реши рутински, а потоа ги дочека и Швеѓаните кои пак направија пресврт и ја прекинаа серијата победи на Хрватска. Вечерва натпреварот заврши 35:31 за Шведска.

Лино вечерва не успеа да ја најде формулата за решение. Видно нервозен скокаше покрај теренот, а имаше и за што. Неговите играчи вечерва како да не беа расположение за игра, едноставно не сакаа.

Се започна со голот на Иван Чупиќ, но и не продолжи така. Лино бараше решение, но тешко му одеше. Во одреден момент, Хрватска остана дури седум минути без постигнат гол.

Статистиката на крајот од натпреварот вели дека најдобар играч е Иван Чупиќ со постигнати 7 голови.

На Хрватска вечерва не и помогна ниту забраната од Лино за играње на Playstation. Ракометарите мораше цело време да мислам на натпреварот, но вечерва најверојатно малку залутаа мислите, ама и тоа се случува понекогаш.

 

ФОТО

loading...

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com