Connect with us

Кошарка

Тежок пораз на Нетс на гостувањето кај Феникс

Кошаркарите на Бруклин Нетс претрпеа убедлив гостински пораз на Феникс Санс со 138:112.

Феникс играше со големо темпо уште од самиот почеток што Нетс едноставно не можеше да се справи со тоа. Домашната екипа имаше двоцифрена предност уште по првиот дел, водејќи со 68:50.

Нетс се обидоа да добијат пресврт во продолжението, но го немаа вистинскиот рецепт за тоа. На крајот беше јасно дека Феникс ќе слави и само прашање беше каков ќе биде исходот.

На крајот, домашната екипа славеше 138:112, што е шеста победа на Феникс во новата сезона, додека Нетс сега имаат пет порази со четири победи.

Домаќините до новиот триумф го предводеше Девин Букер со 29 поени, девет асистенции и два скока, додека одличен беше и Рики Рубио, кој забележа 22 поени, 12 асистенции и четири скока.

Кај екипата на Нетс, ДеАндре Џордан беше најефикасен со 16 поени и 12 скокови, додека Кири Ирвинг имаше скримни 15 поени.

Останатите резултати: