Ракомет
Тежок пораз на Вардар на гостувањето кај Веспрем
Актуелниот европски првак Вардар, во репризата од минатогодишното финале во ЛШ, попладнево загуби со убедливи 39:30 на гостувањето кај Веспрем.
Убедливиот пораз се наслутуваше уште на полувремето кога „црвено-црните“ имаа негатива од четири голови (21:17). По воведните неколку минути од мечот добра игра, во продолжението Вардар го загуби здивот и го доживеа вториот пораз по ред по оној од Кил.
Најефикасен во победничкиот тим беше Шмид со осум гола, Нилсон постигна два помалку. Во таборот на Вардар Дибиров имаше осум, Дисингер пет. Вардар во наредното коло на ЛШ игра со Мешков Брест на домашен терен.