Фудбал
Тимот го составувам според големината на пенисот
Германците веќе со години работат на половата рамноправност во спортот. Пред една година, Бибиана Стеинхаус беше првата жена која судеше еден натпревар во Бундес лигата. Сепак, во изминатите неколку дена, главна ѕвезда во спортските медиуми е Имке Вубенхорст, првата жена која е тренер на еден машки фудбалски клуб.

Имке ја доби таа чест да биде шеф на стручниот штаб на германскиот петолигаш БВ Клопенбург, кој моментално е последнопласиран во регионот Ниедершасен. Клопенбург нема забележано победа на последните седум натпревари (пет порази и две ремија), а последната победа ја забележа на 19 октомври на дуелот против екипата на Хеслингер СЦ (1:0).
Вубенхорст се обидува да го разбуди тимот и да го спаси од преселба во понизок ранг, а само шест бода ја делат од сигурната зона.
Сепак за играта и тактиката, германските новинари се посебно заинтересирани и за тоа дали играчите носат шорцеви и гаќи кога тренерот е во клупската соблекувална.
- Нема никакво правило, нормално дека не носат. Јас сум професионалец. Тимот го составувам според големината на пенисот, изјави Вубенхорст.