Connect with us

Ракомет

Тимур Дибиров заминува од Вардар

Искусниот ракометар Тимур Дибиров (38) на крајот од оваа сезона ги напушта редовите на Вардар.

Дибиров во Вардар пристигна во 2013 година, а за деветте години поминати во тимот освои дури 21 трофеј.

Шест пати беше шампион на Македонија, шест пати Куп-победник, три пати Суперкуп на Македонија, четири пати СЕХА регионална лига, а шлаг на тортата се две европски титули, а освојувањето на Лигата на шампионите со Вардар се смета за една од најубавите.ракометни приказни.

“Ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Мечот со Веспрем веројатно ми беше последен во Скопје во Лигата на шампионите. Би сакал да победам во Битола и да ја освојам титулата, па да се збогувам со Вардар како шампион”. – изјави Дибиров.

„Мислам дека е време за крај на планираниот период во клубот. Не дека не добив договор со клубот, но почувствував дека е време да го напуштам Вардар. Не знам ништо за мојата кариера, дали завршувам или продолжувам да играм во друг клуб. Ќе одлучам во следниот период“.