Фудбал
Тинејџер постигна брилијантен гол во 97. минута и му донесе победа на Јунајтед во трилер со седум гола (ВИДЕО)
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Вулверхемптон со 4:3 во 22. коло од англиската Премиер лига, а вистинската драма се одвиваше во судиското надополнување. Манчестер беше подобриот противник цела вечер на Молине, но како што се случува, успеаја да си го отежнат животот. Во 5. минута поведоа преку Маркус Рашфорд, а Расмус Хојлунд во 22. минута зголеми на 2:0. Надеж за домашните од сомнителен пенал донесе Пабло Сарабија во 68. минута, а само седум минути подоцна Скот Мектоминај врати големо водство на Манчестер за 3:1.
Вистинската драма следеше во финишот. Најпрвин во 85. минута Макс Килман намали на 3:2, а израмни Педро Нето во петтата минута од судиското надополнување.
И кога се чинеше дека „црвените ѓаволи“ ќе останат без победа, 18-годишниот Коби Мајно по брилијантниот гол им донесе големо славје на гостите и победа од 4:3. Манчестер Јунајтед во следното коло го пречекува Вест Хем, додека Вулверхемптон ќе гостува кај Челзи.