Фудбал
Тинејџерот на Реал Мадрид, Родриго стана најмладиот стрелец во Лигата на шампионите
Зинедин Зидан му даде доверба на 18-годишниот Родриго и не погреши. Тинејџерот во 4-та и 7-ма минута постигна голови за водство на „Кралевите“ против Галатасарај. Серхио Рамос и Бензема зголемија на 4:0.
Со овие два гола Родриго стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 18 години 301 ден.
Претходно рекордот го држеше Доминик Собослаи од австрискиот тим Ред Бул Салцбург кој со 18 години 10 месеци и 23 дена постигна гол против Генк.
