Тајмаут
Тоа го чекавте? Георгина „го заборави“ градникот и ги фрли мажите во транс (ФОТО)
Уште одамна, Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, покажа дека е многу свесна за нејзините атрибути.
Шпанката не крие дека е горда на своето тело и затоа нема проблем со повеќе од десет милиони фанови да споделуваат атрактивни фотографии, а со најновото провокативно издание отиде уште еден чекор понатаму.
Георгина објави фотографија со опис “Мојот момент” на Instagram, најверојатно релаксирајќи се од обврските што ги донесуваат четирите деца, а она што го забележаа сите, е дека го „заборави“ нејзиниот градник.
Тоа, се разбира, предизвика големо внимание на јавноста.
“Совршенство”, “Мадам, ти си најубавата жена на светот”, се само некои од коментарите што можат да се видат.
Прашањето е како Роналдо го трпи сето ова, но се чини дека не е премногу љубоморен човек. Се разбира, постојат слични “проблеми” за Георгина, од друга страна, бидејќи е добро познато дека Португалецот го обожаваат жени ширум светот.
