Ракомет
Томовски: Словенија ја казни нашата селекција многу лесно и разликата не е реална
Македонската репрезентација денеска го одигра првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство во ракомет против репрезентацијата на Словенија. Нашата репрезентација беше поразена со 31:21.
Кај нашата репрезентација несомнено одличен натпревар одиграа голманите Митревски и Томовски.
„Започнавме добро во првиот дел, но во вториот дел направивме многу технички грешки. Словенија ја казни нашата селекција многу лесно и разликата не е реална. Мора да бидеме подобри во следните натпревари и да одиме на изненадувања против Русија и Белорусија.“ – рече голманот Мартин Томовски.