Connect with us

Кошарка

Тони Паркер објави крај на својата кариера

Најдобар француски кошаркар Тони Паркер го објави крајот на својата кариера.

Паркер влезе во години и тој е свесен дека повеќе не е оној “стариот”, па затоа одлучи да ја заврши својата кариера.

Францускиот плејмејкер поголемиот дел од својата кариера го поминал во Сан Антонио Спарс, каде што играл 17 години, додека последната сезона ја поминал како играч на Шарлот Хорнетс.

„Многу емоции беа вклучени во крајот на мојата кошаркарска кариера, тоа беше одлично патување што не можев да го замислам во најлудените соништа. Се што имав искусно во НБА и со францускиот репрезентативен тим… Ви благодарам за сè“, напиша Паркер.

Со Спарс, освои четири титули во НБА лигата, а шест пати беше Ол-стар.

Во 2001 година, Спарс го избра како 28. пик на драфтот и наскоро стана еден од клучните играчи, а во 2007 година беше МВП на финалето.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com