Connect with us

Кошарка

Тони Паркер по 17 години во Сан Антонио премина во Шарлот

Францускиот кошаркар Тони Паркер официјално стана дел од Шарлот хорнетс, откако потпиша двегодишен договор со тоа што втората година не е загарантирана.

Тоа значи дека Шарлот следното лето има право да одлучи дали ќе ја активира втората половина од договорот.

Доколку се реализира комплетниот договор, Паркер за двете сезони ќе заработи 10,25 милиони долари. Тој досега во НБА лигата вкупно има заработено 160 милиони долари.

Пред доаѓањето во Шарлот, 36-годишниот кошаркар целата досегашна НБА кариера ја помина во Сан Антонио спарс, каде одигра 17 сезони со просек од 15,8 поени по натпревар.