Connect with us

Фудбал

Торган Азар се враќа во Дортмунд

Белгискиот фудбалер Торган Азар најверојатно на лето ќе се врати во Борусија Дортмунд, пишува германското издание Ruhr Nachrichten.

Тој во јануарскиот преоден рок беше испратен на позајмица во ПСВ Ајндховен.

Договорот на 30-годишниот играч од средниот ред истекува на крајот на следната сезона. При евентуално враќање на Сигнал Идуна Парк, Азар тешко ќе се бори за стартно место. „Жолто-црните“ типуваат на се помлади играчи на неговата позиција.

Платата на Торган Азар е доста висока, па голема е веројатноста Борусија Дортмунд да се обиде да го продаде на лето.