Connect with us

Фудбал

Торино носи 20-годишен Бразилец, луѓето се во шок: И тие почнаа да ги бројат годините како Африканците

Италијански Торино сака да го доведе бразилскиот лев бек Кујабан, а најавата на Фабрицио Романо за овој потенцијален трансфер привлече големо внимание на интернет. Романо на социјалната мрежа Х објави дека Торино испратил официјална понуда за Кујабан, а неговите следбеници останаа шокирани кога прочитаа дека Бразилецот има само 20 години. Навистина, фудбалерот чие целосно име е Луис Едуардо Соареш да Силва се чини дека не е роден во 2003 година, па под објавата на Романо се редеа коментари за неговиот изглед.