Connect with us

Кошарка

Торонто и Спарс се договорија за Ленард

Тимот на Торонто е сосема блиску до привлекување на крилото на Сан Антонио Спарс, Каваи Ленард, пренесе „Јаху Спортс“.

Двата тима постигнале принципиелен договор, а во договорот ќе биде вклучен и водечкиот реализатор на канадскиот тим ДеМар ДеРоузен.

Дваесет и седум годишниот Ленард, кој во 2014 година ја освои наградата за „Најкорисен играч“ во финалето, има само уште една година од актуелниот договор со Сан Антонио, а во последната сезона одигра само девет натпревари поради повреда, за која во таборот на Спарс не мислеа дека е толку сериозна. Ова предизвика отворен конфликт меѓу Ленард и раководството на клубот, кој ќе доведе до претстојната разделба.

Во сезоната 2016/17 – последната во која Ленард беше здрав, тој запиша по 25,5 поени, 5,8 скока и 3,5 асистенции по натпревар.