Connect with us

Фудбал

Тосун ќе му се приклучи на Јувентус?

Голгетерот на Бешикташ, Џенк Тосун, со одлични настапи во Лигата на шампионите го привлече вниманието на Јувентус, кој е подготвен да плати 15 милиони евра за негов трансфер, објави турскиот весник „Милијет“.

Клубот од Истанбул бара најмалку 20 милиони евра па останува да се види дали двете страни ќе најдат заедничко решение.

26-годишнот фудбалер е стрелец на четири гола во Лигата на шампионите и е најзаслужен што Бешикташ по пет круга е на првото место во Г-групата.

Евентуален договор за трансфер на Тосун во Јувентус може да значи дека италијанскиот првак во зимскиот преоден рок ќе добие големо засилување во нападот.

Покрај Јувентус за Тосун, исто така се интересира англискиот премиерлигаш Њукасл.