Connect with us

Други спортови

Тотален хаос на Вимблдон! Откажани 16 натпревари: Организаторите имаат голем проблем

Веќе на вториот ден од Вимблдон имаме целосен хаос поради дождот, бидејќи непрекинато паѓаше цел ден и откажани се 16 натпревари за вторник, кои ќе треба да се префрлат за среда и сето тоа само по себе предизвикува хаос.

Засега натпреварите се играат само на Централниот терен и теренот број еден.

Таму одамна е кренат покривот и веќе се одиграни два меча на овие два најголеми терени.

Секако, на другите нема покрив и настана вистинска агонија за организаторите на Вимблдон.

Вимблдон мораше да откаже дури 16 натпревари закажани за вторник попладне.

Тоа се втори мечеви во денот на одредени терени, кои не би се довршиле до мракот, па ако програмата воопшто продолжи, нема смисла тие натпревари воопшто да почнат.

Следниве натпревари се откажани:

Сакари – Костјук, Картал – Киз, Риске Армитрај – Бадоса, Тијафо – Ву, Шимабукуро – Димитров, Лехечка – Офнер, Ивашка – Корија, Голубиќ – Шмидлова, Штрајкер – Попирин, Кирстеа – Марија, Серондуло – Кријан Минштико, – Бронзети, Мочизуки – Пол, Хадад Маја – Путинчева и Раониќ – Новак.

Повеќе натпревари најверојатно ќе бидат откажани до крајот на денот.