Connect with us

Фудбал

Тотално полуде-Каков срамен потег на Кристијано Роналдо, ги бришеше гениталиите со шал на противничката екипа (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо тотално полуде. По поразот од Ал Хилал од 2:о на патот кон соблекувалните, некој од публиката фрли шал на Ал Хилал кон Роналдо. Тој го подигна од земја и ги избриша гениталиите со него.

Но, тоа не е се. Веќе за време на натпреварот, петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше испровоциран од навивачите кои скандираа „Меси, Меси“. Во еден момент Роналдо се сврте кон нив и им рече „Јас сум тука…не Меси“.

На крајот, напаѓачот на Ал-Насер беше видно вознемирен откако тој и неговите соиграчи мораа да поминат низ коридорот од противничките фудбалери. При добивањето на својот медал, се гледа дека Кристијано му објаснува нешто на шеикот што ја доделува наградата.

Ал-Хилал победи по головите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Салем Алдаусари.