Фудбал
Тотенхем и натаму „спие“, победи на Челзи и Лестер
Екипата на Тотенхем се уште „спие“. Не победи ниту против Ватфорт на домашен терен и одигра 1:1. Згора на тоа се спасуваше од пораз бидејќи до 86.минута губеше со 1:0, но сепак Деле Али постигна гол за 1:1 и еден бод. Тотенхем останува на ниската седма позиција, но ова дефнитивно не е оној тим од претходните сезони. Позицијата на тренерот Покетино уште повеќе е разнишана.
Од друга страна Челзи победи со 1:0 во дуелот со Њукасл, а Лестер се проби на второто место откако со 2:1 славеше против Барнли.
Резултати Премиер лига, 9.коло
Евертон – Вест Хем 2:0
Астон Вила – Брајтон 2:1
Бурнмаут – Норич 0:0
Челзи – Њукасл 1:0
Лестер – Барнли 2:1
Тотенхем – Ватфорт 1:1
Вулфс – Саутемптон 1:1
Вечерва: Кристал Палас – Манчестер Сити
Недела:
Манчестер Јунајтед – Ливерпул
Понеделник:
Шефилд – Арсенал