Фудбал
Тотенхем не брза да му понуди нов договор на Кејн
Тотенхем не планира наскоро да му понуди нов договор на напаѓачот Хари Кејн.
Според Атлетик, Спарс се обиделе да постигнат нов договор со напаѓачот во текот на летото, но тој одбил поради можноста да се пресели во Манчестер Сити.
Сега Англичанецот ќе види како ќе се развива тимот и дури потоа ќе одлучи за својата иднина. Тотенхем сака иницијативата за продолжување на договорот да дојде од играчот, па сепак нема да го направи првиот чекор.
Актуелниот договор е до 2024 година. Напаѓачот оваа сезона постигна 7 гола на 22 натпревари во Премиер лигата.