Тајмаут
Тоти е поголем „швалер“ од Пике: Не се ни разведе, но веќе беше фатен во куќата на новата девојка
Франческо Тоти го носеше дресот на Рома подолго отколку што беше во брак со Илари Блази.
Еден од најпознатите парови во светот на спортот во понеделникот објави дека се разведуваат по речиси две децении заеднички живот.
Кризата меѓу легендарниот фудбалер и познатата ТВ водителка беше во криза подолг период, а конечно дојде и потврдата за она што се шпекулираше.

Куќата во која живееле до сега ќе биде на Бласа, додека трите деца Кристијан, Шанел и Изабел ќе продолжат да живеат со својата мајка.
Од друга страна, легендарниот капитен на Рома нема да биде сам бидејќи срцето веќе му е заробено. Италијанскиот печат е полн со детали за неговата нова девојка, која се вика Ноеми Боки.

Така, магазинот Чи ја објави приказната дека Тоти бил во домот на нова девојка додека се уште бил во брак со Илари. Ќе дојдеше на паркингот и ќе влезеше во куќата, додека Ноеми ќе ја испрати ќерка си да спие на друго место.
Тоти и Ноеми долго се криеја во јавност, па беа заедно на некои натпревари на Рома, поточно на стадионот Олимпико ги делеше само неколку редови, како што беше случајот на 5 февруари.

Инаку, Ноеми има две деца, дипломирала економија, сака падел, музика и многу патува. Она што е интересно е што таа многу личи на поранешна сопруга на познат фудбалер.
Се шпекулира и дека Илари не му е верна на Тоти бидејќи наводно „го изгубила умот“ поради помлад дечко, а се ескалирало кога поранешната членка на „Азура“ ги прочитала пораките од водителот на нејзиниот мобилен телефон.