Connect with us

Фудбал

Традицијата продолжува, дедо, татко, син и внук, сите во Милан

Фудбалскиот клуб Милан и семејството Малдини не може едно без друго. Даниел Малдини, 18 годишен син на клупската легенда и сега технички директор Паоло Малдини, потпиша прв професионален договор со Милан до 30 јуни 2024 година.

Далиен е трет од семејството Малдини кој ќе го носи дресот на „Росонерите“. Прв беше неговиот дедо, Чезаре Малдини, кој за овој тим играше од 1954 до 1966 година, а во два наврати беше и тренер.

Таткото на Даниел, Паоло целата своја кариера ја мина во Милан, од 1984 година до 2009. Освои 25 трофеи, меѓу кои седум скудета и пет пехари во ЛШ. Неговиот дрес со бројот  3 е повлечен од употреба откако се пензионираше. Единствено може да го активира повторно токму неговиот син Даниел.

Чезаре и Паоло беа дефанзивни играчи, додека Даниел е офанзивец, и омилена позиција му е „лажна деветка“.