Connect with us

Тајмаут

ТРАГЕДИЈА Голем шампион почина во Украина

Војната во Украина продолжува да привлекува огромно внимание ширум светот, а најновите вести поврзани со конфликтот, кој Русија го нарекува „специјална воена операција“, доаѓаат од сферата на спортот.

Имено, во војната животот го загуби еден од најдобрите кикбоксери што ги имала Украина, Максим Бордус.

Украинскиот шампион, роден 2000 година во Киев, се пријави како волонтер на 24 февруари 2022 година и прво се бореше со Русите во правец на Лиман, а потоа по негово лично барање се пресели во околината на Запорожје.

Тој беше убиен на 11 јуни, а денеска пошироката јавност дозна дека е убиен во актуелната офанзива во Запорожје.

– Секогаш насмеан и подготвен да им помогне на другите, така ќе го паметат неговите пријатели од светот на спортот. Максим освои десетици турнири и беше актуелен WAKO кик-бокс шампион на Украина – според веб-страницата „Тим на Украина“.

Бордус е вториот познат украински кик-боксер кој е убиен, бидејќи во воените судири на 31 август загина и 40-годишниот Сергиј Подољан.