Connect with us

Фудбал

Трагедија! Млад фудбалер е убиен!

Еден од талентите на шпанскиот Мостолес е убиен по конфликт на улица во Мадрид. Хаиме Гереро Месузи (15) и 24-годишник се меѓу жртвите на трагедијата во шпанската престолнина. Причина за смртта на двајцата биле удари со мачета.

На местото на настанот веднаш пристигнала лекарска екипа која се обидела да ги спаси двајцата со полуавтоматски дефибрилатор, но неколку минути подоцна лекарите едноставно констатирале смрт.

Според очевидци, фудбалерот ненамерно бил сведок на конфликтот и бил нападнат во грбот. Неговиот клуб го опиша како „атлетско и талентирано момче кое секогаш бегало од неволји“.