Connect with us

Фудбал

Трагедија! На 26 години почина црногорски репрезентативец

Каков шок. Репрезентативецот на Црна Гора и фудбалер на Милвола, Матија Шаркиќ почина утрово во Будва на 26-годишна возраст, објави Вијести.

Неверојатни вести од Црна Гора и шок во саботата наутро. Матија Шаркиќ , 26-годишниот голман кој целата своја кариера ја мина играјќи за англиски тимови, почина во Будва, а причината за смртта се уште се утврдува.

Саркиќ ја започна својата кариера во помладите категории на Андерлехт, а потоа се пресели во Астон Вила , која воедно беше и негов прв професионален клуб во кариерата. Сепак, тој никогаш не одигра лигашки натпревар за тимот од Бирмингем, а три години помина главно на позајмица.

Следуваше трансфер во Вулверхемптон, но тој никогаш не играше за нив ниту во Премиер лигата . Играше како позајмен играч во Шрусбери и Бирмингем, за да игра во Стоук во 2023 година.

Advertisement