Connect with us

Ракомет

ТРАГЕДИЈА: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко

Ракометна Македонија е во шок и неверување по веста дека утринава, од засега непознати причини, почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ (Портјанко) на 38 годишна возраст.

Во редовите на европскиот првак Кометал Ѓорче Петров, Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија.

Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност.

Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година, таа се пресели во Беледијеспор во Турција. Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама