Connect with us

Други спортови

Трагедијa-Почина талентирана тенисерка, имаше само 17 години!

Пакистанската тенисерка Заинаб Али Накви (17) починала ненадејно по тренингот, потврди Пакистанската тениска асоцијација. Според локалните медиуми, несреќната девојка починала од срцев удар, односно изгубила свест додека престојувала во собата по завршувањето на тренингот пред турнирот. Нејзината баба забележала дека и е лошо и повикала брза помош, па Заинаб веднаш била пренесена во болница, но за жал не можела да се спаси. Смртта била констатирана веднаш по приемот во болница и според првите резултати од обдукцијата, до трагедијата дошло бидејќи Заинаб веќе имала проблеми со срцето.

Тенисерката наводно боледувала од хипертрофична кардиомиопатија, болест која обично се карактеризира со задебелување на ѕидовите на срцето, што на крајот може да го отежне срцето да пумпа крв. Смртта е прогласена за природна бидејќи нејзините родители не инсистирале на обдукција, а претседателот на здружението Аисам-ул-Хак Куреши ја објавил смртта на младата тенисерка.

„Денеска е исклучително тежок ден за пакистанскиот тенис бидејќи една од нашите најталентирани јуниори почина поради срцев удар во Исламабад. Во нејзина чест, како нов претседател на пакистанската тениска федерација, одлучив стеренот на кој таа требаше да игра во Исламабад ќе го носи нејзиното име“, изјави Куреши.

Advertisement