Connect with us

Фудбал

Трајковски: Мотивирани сме за добар старт со новиот селектор

Александат Трајковски пред денешниот официјален тренинг рече дека ова е прв собир по ЕП и среќен што повторно е дел од репрезентацијата особено што гледа и млади фудбалери.

„Очекувам да продолжиме во ист континуитет, со максимална мотивација и да го дадеме максимумот како што го правевме тоа досега. Сакам да продолжи добрата низа со резултати, имаме нов стручен штаб и според мене мислам дека сите се мотивирани да го одработат тоа што треба да се одработи“, изјави Трајковски.

Вели дека репрезентацијата на Ерменија не е непозната, бидејќи досега сме играле неколку пати.

Најважно е да бидеме фокусирани и да играме така како што сме играле досега и сме победувале. Со новиот селектор сигурно ќе има и нови идеи, ќе се обидеме да се наметнеме кај него и да го исполниме она кое го бара. Имаме краток период, важно е по секој меч добро да се одмориме затоа што пред нас се мечеви во кратко време. Тука сум веќе долго време, но се чувствувам уште млад и сакам уште долги години да придонесувам за националниот дрес“, изјави Трајковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра на Арената „Тодор Проески“ на 2 септември.