Connect with us

Тајмаут

Трактор го исчисти снегот и го изора теренот пред натпревар во Босна и Херцеговина (ВИДЕО)

Тешката машина се снајде со чистењето, но патеката ја претвори во вистинско мочуриште
Натпреварот од Купот на Босна и Херцеговина помеѓу екипите на Слога и Вележ не понуди многу пријатни емоции за домаќините, пишува гонг .

Го загубија натпреварот, но и пред него имаа сериозни проблеми со организацијата. Поради обилните снежни врнежи неколку часа пред натпреварот, теренот на стадионот „Д-р Милан Јелич“ не беше погоден за игра. Токму поради оваа причина раководството на Слога реши да го расчисти со… трактор.

Тешката машина се снајде со снегот, но теренот го претвори во вистинско мочуриште. Сепак, двете екипи покажаа карактер и успеаја да го одиграат натпреварот и покрај неконвенционалните услови.

Facebook