Тајмаут
Транспарентот на навивачот на Иран кружи на интернет: Можеби ги немаме Иниеста или Роналдо, но…
На натпреварот помеѓу Иран и Шпанија големо внимание привлече транспарентот на еден ирански навивач кој имаше интересна порака за фудбалската јавност.
“Можеби ги немаме Иниеста или Роналдо, но имаме големо срце за уште поголеми соништа”, напиша иранскиот навивач.
Натпреварот помеѓу Иран и Шпанија, во второто коло од групата Б, заврши со победа на Шпанија од 1:0, а стрелец на голот беше Диего Коста кој погоди во 54. минута.