SPORTM.mk
Траут пред потпишување на рекордниот договор во историјата на спортот
[ad_1]
Американскиот бејзбол играч, 27-годишниот Мајкл Нелсон „Мајк“ Траут е пред потпишувањето на највисокиот договор во историјата на спортот воопшто.
Според пишувањето на американските медиуми, Лос Анџелес Енџелс му нудат на Траут неверојатно 430 милиони долари за договор на 12 години. Неговиот сегашен договор со „Ангелите“ вреден 144 милиони долари трае до следната 2020 година, а клубот одлучил да му понуди нов многу поголем договор. Според процените на медиумите, кога договорот на Траут ќе биде финализиран, севкупно би изнесувал приближно 629 милиони долари.
Досегашниот рекорден договор во бејзболот го држеше Брус Харпер кој со Филаделфија Филис има потпишано договор од 330 милиони долари на 12 години.
Најплатениот кошаркар е Расел Вестбрук со 207 милиони долари, играчот на американски фудбал (рагби) Мет Рајан потпиша договор на 150 милиони долари, додека руската хокеарска ѕвезда Александр Овечкин има договор на 124 милиони долари.
Траут со овој договор би го „соборил“ и боксерот Канело Алварез кој потпиша договор со стриминг сервисот DAZN за 11 борби вреден 365 милиони долари.
[ad_2]
Извор: Netpress