Други спортови
Тренерите се откажаа од премијата: Таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !
Тренерот Дарко Костовски преку социјалната мрежа Фејсбук објави дека се откажуваат од премијата која им ја додели Владата и дека сите средства ќе бидат наменети за новата македонска гордост.
„Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите. Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост ! За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“, напиша на Фејсбук Дарко Костовски – тренер.
Инаку Владата на седница донесе одлука за доделување на премија во вистина од 30.000 евра.