Поврзи се

Тајмаут

Тренерот на Динамо Загреб поднесе оставка

Тренерот на Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ поднесе оставка по пораз од Локомотива со 1:4, што воедно е трет пораз за „модрите“ во последните четири натпревари.

Одлуката Цвитановиќ прво ја соопштил во соблекувалната, а потоа на прес-конференција.

– За мене ова е најтежок ден не само во мојата кариера, туку во мојот живот. Денеска се случи кулминацијата на емотивната истрошеност и празнина кај играчите, истакна Цвитановиќ.

Од Динамо соопштија дека наскоро ќе ги информират медиумите околу одлуката за именување нов тренер.

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут